Иако сеќавањата од инцидентите на големото дерби против Вардар во Скопје сè уште се пресни, ракометарите на Еурофарм Пелистер успешно ја завршија новата задача во домашниот шампионат и со триумф над ГРК Охрид (32-24) им се вратија на победите во плеј-офот од македонската Суперлига. Тимот на Горан Андоноски најавуваше дека патува во Битола со желба за изненадување, но не успеа да направи нешто повеќе. Еурофарм Пелистер зад себе го остави поразот во дербито од Вардар 1961 и им се врати на домашните задачи со триумф кој е петти за „зелените“ сезонава.