Кошаркарите на Пелистер ја продолжуваат победничката серија на свој паркет во домашниот шампионат, откако вечерва го запишаа четвртиот триумф во Битола во новата сезона. Во салата „Боро Чурлевски“, која беше празна поради суспензијата од КФСМ, „зелено-белите“ демонстрираа моќ против Феникс 2010 и за првпат сезонава „раситнаа“ стотка, триумфирајќи со 110-93.