Екипата на Пелистер продолжи да победува на домашната сцена и славеше над Феникс 2010 од Скопје (89-68) во рамки на четвртото коло од Суперлигата на Македонија, па застана на врвот со најдобрите. „Зелените“ за разлика од претходниот меч со Маџари ја поправија играта. Ако минатиот дуел беше во егал и тесен, овој, не покажа доза на неизвесност во ниту еден наврат. Избраниците на Даскаловски беа тие кои го контролираа резултатот од почетокот па до крајот. Пелистер во шампионатот на Македонија има четири победи на четири натпревари, исто колку што имаат и ТФТ Скопје и МКК Куманово.



















































