Кошаркарите на Пелистер останаа перфектни во шампионатот и славеа над Чаир 2030 (104-74) во рамки на второто коло од најдоброто првенство во Македонија. „Зелените“ во Битола се мачеа едно полувреме, а потоа работите си дојдоа на своето место за фаворитот. За Пелистер сега следи настапот во Европа Купот на ФИБА, каде следи меч со хрватскиот тим Цедевита Јуниор.









































