Екипата на Пелистер успеа да дојде до втора победа над Еуро Никел 2005 (90-85) во четвртфиналето од плеј-офот во Првата македонска лига. Домашните играчи имаа голема предност во последниот период, но стравуваа за триумфот до завршните секунди од мечот. Со оваа победа вицешампионот перфектно си ја заврши домашната задача во оваа серија, и сега со евентуален триумф во Кавадарци ќе го обезбеди учеството меѓу четирите најдобри во мак-баскетот.