Кошаркарите на Пелистер одиграа еден од најдобрите натпревари оваа сезона и се вратија во живот во четвртфиналната серија против Работнички. По двата порази во Скопје и тренерската смена, битолчани реагираа моќно и пред својата публика извојуваа убедлив триумф од 101-77 за намалување на резултатот во серијата на 2-1. Оваа победа на вицешампионот беше посебна за новиот тренер Дејан Илиевски, кој на своето деби како шеф на стручниот штаб го остави својот тим во игра за полуфинале во плеј-офот.



















































