Екипата на Пелистер го прослави 80. роденден на клубот во ревијален меч со Динамо Букурешт од Романија, кој го доби со сигурни 2-0 (0-0) со два гола кои паднаа во второто полувреме. Еден од најстарите клубови во Македонија имаше своја забава на стадионот „Петар Милошевски“, а исто така роденден прославија и навивачите „Чкембари“ кои прославија 40. години постоење. Публиката имаше што да види, а повеќе фудбал имаше во второто полувреме. Овој меч воедно беше и деби за новиот тренер Милан Стојаноски, кој на клупата го наследи Димитар Капинковски и имаше шанса да се запознае со тимот.



















































