Кошаркарите на Пелистер продолжија со „лудата“ сезона и запишаа нова победа во која дадоа повеќе од 100 поени, бидејќи вечерва во Битола го срушија Кожув со 102-81. „Зелено-белите“ се лидер во Првата кошаркарска лига сосема заслужено, бидејќи досега загубија само кај ТФТ во Скопје минатото коло. Деветтата победа во лигата дојде по убедлив завршеток на првиот и одлична игра во вториот дел, па Кожув немаше за што многу да се надева во Битола