Кошаркарите на Пелистер впишаа уште една сигурна победа во Првата кошаркарска лига на Македонија и со тоа го осигураа третото место на едно коло до крајот на регуларниот дел на шампионатот. Актуелниот вицешампион го надигра претпоследниот Навико ФМП Академија со 98-89 и ги заборави разочарувања на АБА2 „балонот“ во Мостар минатиот викенд. Во претходните три изданија на шампионатот на Македонија, пелистерци завршуваа на првото или второто место пред разигрувањата за титула.