Вистински пролетен хит е битолски Пелистер на Димитар Капинковски. По доаѓањето на младиот тренер битолчани победуваат на различни начини, па и во шаховски тврд дуел како денешниот против Борец (1-0). Битолчани погодија навреме, скоро ништо не ризикуваа и им дадоа вредност на трите бода од Струга. По четири месеци Пелистер е надвор од опасната зона и сонува за опстанок и без бараж натпревари.