Фудбалската женска репрезентација на Македонија убедливо загуби од Англија со 0-10 (0-5) во рамките на квалификациите за Светското првенство. Девојките на Кирил Изов добија „островска“ лекција од гигантот кој даде по пет гола во двете полувремиња. Бетани Мид четири пати ја тресеше македонската мрежа, додека Ела Тун постигна хет-трик. Македонките останаа на единствената победа над Летонија во овој квалификациски циклус, додека Англија има максимални седум победи.












































