Ракометниот клуб Тиквеш извојуваа втора плеј-оф победа во Суперлигата, на свој паркет во салата „Јасмин“ против Охрид (28-24). Кавадарчани се израдуваа на првото домашно славје, откако во првото коло одиграа нерешено против Алкалоид. Најверните „Лозари“ имаа шанса да гледаат убедлива партија на своите миленици, која и покрај малиот „црн“ период заврши среќно.