Да се победи секој тим кој игра во Лигата на шампионите е голема работа, па затоа ракометарите на Шартр водени од српскиот голман Граховац се радуваа како да освоиле меѓународен трофеј, а не летен турнир. Гледливиот ракомет кој го прикажаа во Струга, ги остави ракометарите на Шартр како симпатични ликови на четиридневното натпреварување на „Женска плажа“. Металург со најмладата своја екипа во историјата покажа дека е во развој и дека веројатно наскоро ќе го прикаже вистинскиот лик.













