Шкупи дефинитивно е најпријатното изненадување во сезоната 2015/16 во ПМФЛ. Чаирчани цели пет месеци не примиле гол кога играат пред своите гледачи, а пречесто оваа пролет доволен им е и еден гол за да се радуваат. Засилувањето од Вардар, Филип Петковски го сруши Силекс и им подари радост на „гулабите“. Штета за чаирчани што не поседуваат лиценца за настап во Европа, па не можат да играат во европските купови. Сепак голема сатисфакција за фудбалерите на Шкупи е што можат да бидат најдобар нов прволигаш по пласман во елитниот ранг веднаш по промоцијата.