Иако како и во женското финале немаше два рамноправни противници, одбојкарското Куп финале помеѓу Шутова и домашниот Пробиштип ВА ги исполни очекувањата и потврди дека по ривалството на Струмица и Сушево, сега македонската одбојка добива ново ривалство. Оваа екипа на Шутова направи голема работа што стигна во Пробиштип во финалето, а потоа со победата од 3-0 испрати сериозна порака за конкуренцијата дека може и до двојна круна во сезоната 2015/16. Честитки за Пробиштип за борбата, витештвото и добрата организација на турнирот.





























