Немаше ниту рамноправност, ниту финале на два тима кои дојдоа во Пробиштип по иста цел. Одбојкарките на Работнички волеј целосно го надиграа тимот на Јанта Волеј и со тоа ја потврдија титулата од Купот и разликата во класи. По мечот скопјанки го отворија победничкото шампањско и ги добија заслужените медали. Следната цел на Работнички Жени е трофејот од државниот шампионат.















