Одбојкарската репрезентација на Македонија со победа во три сета успеа да слави над Црна Гора (25-21, 28-26, 25-19) и во добра атмосфера го отвори 45. традиционалниот меморијален одбојкарски турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“. Националниот тим не прикажа најдобро издание, ама, сепак, запиша победа. Црногорците парираа во секој сет, беа во игра за освојување до самиот крај, ама во финишот искуството на македонските одбојкари дојдоа до посакуваниот резултат против секогаш непријатните Црногорци кои не одиграа на најдобро ниво и правеа многу грешки. Следен дуел за „спартанците“ ќе биде в сабота против Словачка, што воедно е и последен тест пред настапот на Европското првенство во групата во Тампере во месец септември.