Одбојкарската репрезентација на Македонија загуби од Турција со 1-3 во сетови (25-16, 18-25, 25-18, 25-12) во рамки на вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство и направи чекор назад во борбата за местото на континенталниот собир. По триумфот над Босна и Херцеговина, нашиот национален тим не успеа да ѝ сервира одмазда на Турција за поразот на последното Европско првенство кое се одигра во Словенија. Турците беа одлични во сервисот и во нападите, блокот и приемот функционираа онака како што треба, а исто така ретко се грешеше кога се кршеше мечот. За Македонија не е толку проблем загубениот меч, туку загубените три сета со висока разлика. Следен дуел за Македонија ќе биде против БиХ, а за време на викендот ќе се има шанса за одмазда против Турците.