Ни во најубавиот сон ракометарките на Вардар не можеа да помислат дека можат да победат со 14 разлика против Ларвик во елиминационен меч. Ако пред шест недели се славеше победата над Будуќност како редок потфат, сега овој триумф од 34-20 сигурно ќе биде најсветлата страница во македонско – норвешките дуели. Вардарки долго славеа со своите навивачи, кои пак веќе срамежливо се распрашуваат за мајскиот аранжман во Будимпешта за третиот женски „фајнал-фор“.