Тамам ја прогласивме Русија како едно од изненадувањата на шампионатот, а Дмитри Торгованов можеби нов Максимов, Русите пронајдоа начин на упропастат со мака и пот одлично воден натпревар. Наместо победа против Шведска, само 28-28 и горчлив вкус на Дибиров, Горбок и останатите вардарци. Во еден од најубавите натпревари оваа ракометна недела го видовме третото реми, по она нашето со Србија и нерешениот резултат меѓу Шпанија и Словенија.












































