До пред неколку месеци беа клупски другари и заедно се радуваа во Келн, кога Барселона стана европски првак. Сега, Кирил Лазаров и Никола Карабатиќ беа на спротивставени страни и нивното надмудрување беше индиректно. Карабатиќ не блескаше, но одигра тимски и постигна 2 гола од 7 обиди. Мина скоро 55 минути на теренот, имаше меч во кој не му одеше најдобро и застана на 27% на успешност.
Кире Лазаров започна во голем стил, погодуваше и од игра и од седмерци и од еден спектакуларен цепелин. Постигна 9 гола и имаше и 2 асистенции, за 36 минути поминати во игра. Одлично отворање на нашиот капитен и најава за турнир во линија со неговите високи можности, а наши високи очекувања.