Актуелниот шампион Вардар ги започна подготовките за следната сезона во која целта останува европски скок и одбрана на шампионската титула во ПМФЛ. Седлоски прозиваше во тренинг центарот во населбата „Хиподром“, а единствено ново име беше Колумбиецот на проба Обрегон. Од ланскиот ростер повеќе членови на Вардар не се Дашјан, Таневски и Ивановски. Прва фаза на подготовки во Скопје, па висински подготовки во Австрија е агендата на „црвено-црните“ кои во меѓувреме со нетрпение ја чекаат ждрепката за квалификациите за Лигата на шампионите.
























