Иницијативниот одбор за промени ФФМ под „Обединети за фудбалот“ за првпат јавно излезе во јавноста. Дарко Панчев ја откри идејата на овој одбор во кој има многу угледни фудбалски имиња на мак-фудбалот. Иницијативата добива на тежина со имињата на Панчев, бившите селектори Никола Илиевски - Џиџи, Мирсад Јонуз, Ѓоко Хаџиевски серија на фудбалски имиња и фудбалски работници. Сето тоа на само еден ден до редовното собрание на ФФМ кое ќе се одржи на истото место каде што беше и денешниот брифинг, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, утре од 11.00 часот.