Нешто помеѓу дерби и натпревар на двете екипи со разлика од класи меѓу себе, беше денешното последно „вечно дерби“. Работнички скапо ја продаде кожата, но пак загуби од МЗТ Скопје, кој „удри“ по комшијата, кога веќе не можеше против Мега Лекс (75-86). Кошаркарите на Јончевски го следат чекорот со Карпош Соколи, а го втурнаа Докузовски и Работнички во резултатска криза. „Градски парк“ виде допадлив меч, во кој сепак видлива беше разликата во класи меѓу двете екипи, а и навивачите се однесуваа достоинствено за разлика од некоја од претходните градски пресметки.
Стојан Ѓуровски во дресот на Работнички
Кошаркарите на Работнички пак не успеаја да го добијат “вечното дерби“