Ретко кога македонската фудбалска репрезентација знаела да врзе два добри натпревари во интервал од пет дена. По победата на Азербејџан, сега против Иран во Скопје, нашиот млад тим има големи шанси да ги заврши со две победи летните подготовки за следните квалификации за СП во Русија. На последниот тренинг сите фудбалери нормално тренираа, иако останува дилемата за настап на младиот Радески. Противникот кој е редовен учесник на Мундијалите и нивниот селектор Карлос Кеироз опоменуват да не ги потцениме иранските фудбалери.























