Во еден меч полн со драма и емоции, новата генерација на Македонија успеа да дојде до првиот голем резултат на Светските првенства. Ремито против Унгарија која во тимот има дефанзивни „џинови“ е за пофалба (27-27), иако може да жалиме и за другиот бод затоа што имавме напад за победа. Но, ова е позитивно искуство, кое ќе ни служи за во иднина. Следен дуел е против брзите Холанѓани за два дена, па нема време за жалење.



















































