Еурофарм Пелистер триумфално ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите, откако во салата „Боро Чурлевски“ во Битола падна Загреб (25-23). Битолчани пред полни трибини одиграа одличен натпревар, долго диктираа темпо и заслужено освоија први сезонски бодови во елитата. На крајот пелистерци имаа пад и за малку не прокоцкаа победа, тоа само го зголеми славјето по одбранетиот напад на гостите за реми.



















































