Во дуел кој беше окарактеризиран како дерби, Еурофарм Пелистер 2 отиде чекор понатаму од претходните две сезони кога мака-мачеше против Тиквеш на домашен терен, и извојува значајна победа. Ако пред две сезони загуби, лани играше нерешено, тимот на Јовиќ попладнево го надигра составот од Кавадарци со 28-23. Првиот впечаток е дека битолчани одлично пазареа ова лето. Кукуловски е значаен во играта на Јовиќ, а блескаа и новајлиите Печурица и Ивановски. Тиквеш затаи во првиот дел и мора да го преслика второто полувреме за успех во дерби дуелите.