Нов натпревар, нов инфаркт-финиш на Македонија. Нашиот национален тим со звук на сирената ремизира со Австрија (29-29), а човекот кој го даде голот за нерешено беше капитенот Филип Кузмановски. Видовме голема борба од ракометарите, на моменти водеа, па бркаа негатива, на крајот го поделија пленот со ривалот. Следен предизвик на СП 2025 е натпревар со селекцијата на Катар предводена од Веселин Вујовиќ.