Германците утрово пристигнаа во Краков по повеќе од успешната главна групна фаза во Вроцлав. Со тажен лик повредениот Вајнхолд го следеше тренингот на Сигурдсон. Во пристапот, ликот и однесувањето на Бундес тимот не можеше никаде да се прочита дека синоќа имале ракометна битка со Данска. Норвежаните беа поопуштени и голем дел од тренингот посветија на забава, играње фудбал и насмевки. Со оглед на тоа што 70-80% од ракометарите на двете селекции играат во иста лига, немаат тајни. Ден пред мечот поважна е рекуперацијата и добрата атмосфера.