Битола одново слави титула на Еурофарм Пелистер. „Зелено-белите“ пак одиграа квалитетна сезона и заслужено се закитија со шампион на Македонија. За клубот ова е осма титула од домашниот шампионат во историјата. По победата над Алкалоид започна лудата прослава, која од салата „Боро Чурлевски“ се пресели пред Офицерскиот дом, каде пелистерци беа пречекани од многубројните навивачи и заедно го прославија новиот голем успех.