Само два месеци откако го судеа малото финале на европското првенство во Полска помеѓу Норвешка и Германија, најдобрите македонски ракометни судии Ѓорѓи Николов и Славе Начевски и попладнево делат правда на меч за трето место. Македонските интернационалци се дел од мечот Мешков Брест – ППД Загреб во Вараждин во рамките од завршницата на петтото издание на СЕХА лигата. Веројатно следен чекор за Начевски и Николов е да бидат делегирани за судии во едно големо финале. На овој турнир не можеше тоа да се случи, бидејќи во финалето партиципира една македонска екипа, Вардар. Судиите во СЕХА лигата ги делегира Марјан Начевски, а во натпреварувањата на ЕХФ, Драган Начевски.