Откако пристигна на клупата на Хоризонт Турново, новиот тренер Јане Николоски бележи одлични резултати. Не беа случајни четирите бода против Шкендија и Вардар, сега и во Купот, Хоризонт Турново се „распука“. Иако за противник имаше второлигаш, тимот од „Кукуш“ по тешкиот терен во Ѓорче Петров покажа разлика во категорија, пристап и за македонски услови, квалитет. Победата од 2-4 веќе носи полуфинале, што отвора многу нови хоризонти за екипата од Турново. Пред две сезони Седлоски, сега Николоски пишуваат убави страници од клупската историја на овој млад клуб од источна Македонија.
Сашко Пандев во акција во дресот на Хоризонт Турново
Фудбал-Куп-на-Македонија2
Фудбал-Куп-на-Македонија
Фудбал-Втора-фудбалска-лига-14-коло
Фудбалерите на Хоризонт Турново