Последниот тренинг пред мечот со Белорусија значеше и последна средба на македонските ракометари со малата „АВФ арена“ во Краков. Подготовката за шестиот натпревар во Краков започна со тренинг за опуштање и ментално насочување кон наредниот противник. Дилемата „Кузмановски да или не“ позитивно е разрешена и најмладиот наш репрезентативец ќе игра утре. Стилот на игра на Белорусија би требало повеќе да ни одговара, иако со ваков тип на противници никогаш не се знае. Па дури и без Бабичев и Рутенка, Белорусија мора сериозно да се сфати. Потоа ќе имаме време да навиваме против Норвежаните.