Одбојкарската репрезентација на Македонија направи изненадување, и пред домашната публика ја совлада Романија со 3-1 во сетови (25-21, 22-25, 25-19, 25-22).Со овој успех нашите одбојкари остануваат во игра за пласман во следната фаза, односно завршниот турнир во Будимпешта во Сребрената европска лига. Во последното коло Албанија гостува кај Романија, а Романците мора да слават ако сакаат да се први. Македонија ќе се сретне со Босна и Херцеговина и евентуална победа во Тузла дава реални шанси за ново учество на еден Ф4-турнир во Сребрената лига.