Екипата на ГРК Охрид направи голем чекор напред кон евро-куповите по завршувањето на актуелната сезона, затоа што на домашен терен славеше во дербито над Тиквеш (22-21) кое беше супер-драматично. Натпреварот на директните конкуренти беше вистиснки ракометен празник, затоа што се играше пред две навивачки групи во СЦ „Билјанини Извори“, а епитетот на дерби го оправда и изданието на актерите на теренот и неизвесноста до последната секунда. Охрид со оваа победа го презеде четвртото место на табелата во плеј-офот со 12 бода, пред Тиквеш кој со 11 бода е петти. Во следното коло Тиквеш игра со Бутел Скопје, додека Охрид го чека гостување кај Алкалоид.