Полските чирлидерс девојки како да беа поподготвени од полските ракометари. Делуваа така хармонично и хомогено што многумина во „Краков арената“ едвај чекаа да дојде до тајм-аут или до полувреме да го видат нивниот танц. Едноставно убавина „зачинета“ со насмевка и избор за секој вкус. Дефинитивно најубавиот дел од првиот дел на 12. европско првенство во ракомет во Полска.