Екипата на Еуро Никел на домашен терен загуби од најтрофејниот кошаркарски клуб Работнички (75-80) и направи чекор назад во борбата за подобра позиција пред плеј-офот во македонската Прва лига. Кавадарчани губеа двоцифрено на влезот во последниот период (52-65), но успеаја да се вратат, ама на крајот сами се победија. Грешките на тимот на Горан Самарџиев пресудија гостинот од Скопје да ги однесе бодовите на своето конто. Со овој триумф Работнички ги задржа шансите за позицијата број четири пред разигрувањето за титула.