Екипата на Еурофарм Пелистер доживеа нов пораз во Лигата на шампионите откако на домашен терен пред околу 3.000 гледачи „зелените“ влегоа во машинеријата на Барселона (30-34). За битолчани ова беше четврти пораз во низа, по оние со Висла Плок, ГОГ Гудме и ПСЖ. Во следната рунда пелистерци гостуваат кај Магдебург (23 октомври).



















































