Пелистер ќе почека на првата победа на домашната сцена оваа сезона. Битолските „зелени“ во дербито на колото доживеаја пораз од Работнички (89-92) и остануваат со скор 0-2 поради оној пораз од Гостивар. На овој натпревар дебитираше новиот тренер Дарко Радуловиќ кој на клупата го наследи Марјан Илиевски, ама нема по добро да го памети првиот дуел во „Боро Чурлевски“. Работнички, пак, по европското фијаско покажа дека е друг тим на домашната сцена и дека цели на највисоки дострели оваа сезона.