Екипите на Вардар и Престон Лајонс Македонија одиграа интересен и возбудлив пријателски натпревар на комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје, а на крајот победата замина кај гостинската екипа од Австралија, која триумфираше со конечни 2-4 (1-1). Најмакедонскиот клуб од Австралија конечно е во родниот крај, а ова беше одлично искуство за сите кои се дел од експедицијата. Следен меч за Престој Лајонс ќе биде дуел со Пелистер на стадионот на Новаци.



















































