Екипата на Вардар повторно киксна во домашниот шампионат и по ремито со Работнички во претходното коло (0-0), денес во Тетово со 2-0 (1-0) го загуби дербито со Ренова. И покрај проблемите со кои ја започна сезоната, се навикнавме да гледаме атрактивен и допадлив Вардар, но денес на „Градскиот стадион“ во Тетово го видовме најлошото досегашно издание на лидерот на ПМФЛ. Можеби вардарци ја имаа контролата на играта и топката во своите нозе, но целосно потфрлија и во нападот и во одбраната. На другата страна, пак, Ренова мудро ги искористи своите шанси и преку двата прецизно изведени пенали на Гафури заслужено го собра трите бода од овој дуел.