Најтрофејниот македонски колектив Вардар дојде до победа над Пелистер (1-0) во последниот натпревар од второто коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и така ги прокнижи првите три бода во елитата оваа сезона. Мега-дербито во македонскиот фудбал се врати на програмата во Првата лига. По неколку дуели во второлигашкиот ранг, големите ривали пред две навивачки групи играа еден против друг во најквалитетниот шампионат, а победата ја однесе Вардар кој беше поумешен по еден прекин и така го совлада ривалот. Ова е прв триумф за Вардар по седум години над Пелистер, за подобрување на меѓусебниот скор.