Фудбалерите на Тиквеш имаат за што да жалат, бидејќи претрпеа епски пораз од Арсими (3-4) во рамките на Првата македонска фудбалска лига. На средбата во Кавадарци во два наврати домаќинот водеше со по два гола (2-0 и 3-1), меѓутоа гостите инспирирани од фантастичниот Шефит Шефити кој даде хет-трик во финишот направија голем пресврт. Арсими го режираше веројатно најголемиот пресврт оваа сезона, во веројатно највозбудливиот меч досега. Тешкиот пораз му пресуди на тренерот Ѓорѓи Мојсов и неговиот стручен штаб кои си поднесоа оставки.



















































