Фудбалската репрезентација на Македонија ја забележа првата победа во квалификациите за Европското првенство во 2027 година. Младите момци на Горан Станиќ го скршија „мразот“ во битолскиот стадион и по пресврт ја совладаа соодветната селекција на Ерменија (2-1). Напаѓачот на Работнички, Димитар Трајков беше херојот со два постигнати гола, откако претходно гостите поведоа со 1-0. Стадионот во Битола по третпат беше домаќин на еден официјален натпревар на Македонија У21, а по поразите од Шпанија и Италија ова беше прва победа за нашите надежи.



















































