Ракометарите на Металург ги оставија зад себе големите проблеми со кои се соочува клубот во последниот период и одново се изборија за значајна победа во домашниот шампионат. Во вториот денешен натпревар од 13. коло на Суперлигата во Автокоманда „збришан“ беше тимот на Прилеп, кој немаше сили да се бори со „неколкумината“ на Иван Марковски и заслужено загуби со 35-27. Турскиот среден бек Озтурк со осум гола беше прв стрелец на Металург на овој меч, седум имаше кружниот напаѓач Лазаревски, додека шест постигна Хорват. Кај Прилеп блескаше Милошески кој постигна 12 гола, пет во првото и седум во второто полувреме.