Партнерот на МЗТ Скопје, Спорт М денес ја отвори својата продавница за спортска опрема, во чиј склоп се наоѓа и фан-шопот на МЗТ Скопје. Во годината на враќање на клубот во Европа, аеродромци го пуштија во употреба своето катче, каде симпатизерите на клубот ќе можат да ги купат маичките, капчињата, шаловите со заштитното лого на клубот. На промоцијата присуствуваа кошаркарите, тренерот Рајковиќ и градоначалникот Коневски. Исто така присутни беа и момчиња облечени во клупските обележја кои најмногу се радуваа на новиот фан-шоп на МЗТ Скопје.




























