Кошаркарите на МЗТ Скопје поведоа во финалната серија против Пелистер со 2-1, откако во СЦ „Јане Сандански“ славеа со 86-62. Шампионот на Македонија не прости ниту една грешка, а пелистерци ги направи многу, па така доживеја дебакл во третиот натпревар од финалето. МЗТ одигра според планот, ја користеше секоја шанса да го „полни“ противничкиот кош и дојде до убедлива победа. Серијата продолжува веќе в петок со вториот натпревар во Битола, а доколку дојде до мајсторка, таа ќе се игра во Скопје.