По идеални временски услови, температура од 9-10 степени, пријатен ветер и неверојатна тишина македонската фудбалска репрезентација го одработува последниот од четирите тренинзи предвидени во Копер пред пријателскиот фудбалски натпревар против Словенија, кој ќе се игра утревечер. Насмевките на Горан Пандев, задоволствата од враќањата на Богатинов, Јаховиќ и Стјепановиќ се забележливи меѓу нашите репрезентативци на „Бонифика стадион“. Пред очите и на претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски фудбалерите одработија нешто повеќе од еден час со добар интензитет.










