Екипата на Тиквеш останува во пол-позиција во борбата за Европа преку прволигашкото друштво затоа што победи кај Еурофарм Пелистер 2 на гостински терен (25-30) и на две кола пред крајот е чекор напред пред првиот следбеник ГРК Охрид. Еурофарм Пелистер 2 го претрпе петтиот пораз во низа во суперлигашкото друштво, или осмиот во последните десет кола. Тиквеш, кој на овој меч беше предводен од новиот тренер Никола Матлиески за првпат, со овој резултат го продолжи добриот резултатски тренд со младите пелистерци и го забележа третиот триумф во серија.